
Светската банка ќе одвои 200 милијарди долари за борба против климатските промени
Светската банка соопшти дека во периодот 2021-2025 година ќе издвои 200 милијарди долари за финансирање проекти за борба против климатските промени, што е двојно поголема сума од средставта наменти за таа цел во претходните пет години.
Треба да се бориме со причините за климатските промени, но и да се приспособиме кон последиците од нив, кои несомнено ќе бидат најдраматични во најсиромашните земји, изјави извршната директорка на Светската банка, Кристалина Георгиева на Конференцијата на ОН за климата (КОП 24), што почна вчера во полскиот град Катовице.
Експертите проценуваат дека најавата на Светска банка на стартот на Конференцијата во Катовице, претставува важен поттик за меѓународната заедница да преземе слични чекори.