Светска банка: Повеќе од 55 илјади луѓе во Македонија може да западнат во сиромаштија

Намалени плати и пониски дознаки како резултат на епидемијата со корона вирусот во земјава ќе ја зголемат сиромаштијата на нивото од пред 2017 па дури и од пред 2015 година зависно од времетраењето на кризата, се вели во дополнителниот извештај на Светска банка, за Западен Балкан.

„Симулациите предвидуваат стапката на сиромаштија да порасне од околу 17 проценти во 2019 до околу 20-23 проценти во 2020 година и од 55.000 до над 130.000 граѓани на Северна Македонија (во зависност од тоа дали кризата ќе трае еден или два квартали) би западнале во сиромаштија“ – се вели во извештајот на Светска банка.

Пред пандемијата, сиромаштијата меѓу работниците во најпогодените сектори беше само 4 проценти, но оваа стапка се проценува да достигне околу 8 и 15 проценти.

Исто така, повеќе од 75 проценти од оние што веројатно ќе паднат во сиромаштија сега не се покриени со ниедна програма за социјална заштита. Најголемото годишно зголемување на бројот на невработени досега во 2020 година е забележано во Албанија, зголемување за 25 проценти и Македонија, за 11 проценти.

„Делумно ова претставува одраз на формализирањето на неформалните работници кои се пријавуваат за да добијат пристап до здравствено осигурување и други надоместоци“ – тврди Светската банка.

се вели во извештајот на Светска банка. Дополнително влијание врз невработеноста ќе има и од враќањето на иселениците, бидејќи тие се меѓу првите кои се отпуштени а голем број од нив решаваат да се вратат дома. Редовниот економски извештај за земјите од Западен Балкан предвидува дека, во отсуство на одговор од владите, повеќе од 400.000 луѓе во регионот може да паднат во сиромаштија и средната класа значително ќе се намали.

Наташа Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ