
Светска банка: Македонската економија годинава ќе има раст од 3,1 отсто
Континуираниот раст на платите особено во трудоинтензивните дејности, заедно со намалување на продуктивноста на трудот во повеќе сектори ја загрозува конкурентноста на економијата.
Цената на трудот се зголемува а не и продуктивноста на работникот, сметаат од Светска банка во најновиот извепај. Пораката до Владата е да се внимава при зголемувањсето на мининалмата плата.
Македонија има една од најголемите дијаспори во светот – констатира Светка банка. Половина милион луѓе или 25 отсто од населението е иселено а дури една третина од нив се со високо образование.
Земјава во регионот има највисока стапка на раст на вработеноста од 5,2%, а добар тренд има и кај намалување на невработеноста која изнесува 17,5%.
Сепак Владата треба да преземе мерки за да се намали неварботенсота во Северноисточниот регион која е огромна.
Забелешка за Македонија е што и покрај добриот раст на БДП – не е искористен да се намали новото на јавниот долг.
Македонската економија годинава ќе има раст од 3,1 отсто прогнозира Светска банка и при тоа оваа стапка е ревидирана во нагорна линија.
Прогнозите се дека растот на економијата во Косово ќе бие 4%, во Србија 3,3%, Босна и Херцеговина 3,1% , Црна Гора 3 % и Албанија 2,9 %.
Сепак пораката е дека малите економии треба да бидат мудри поради надворешните влијанија како што е трговската војна меѓу САД и Кина, но и забавената економија во Германија.
Наташа Стојановска