
Светска банка: Економијата ќе „пркне“ ако се стабилизира политиката
Колку побрзо се решат клучните политички прашања пред кои сега е исправена државата, толку ќе биде подобро за економијата, порачува Светска банка. Велат, таа значајно закрепна по стагнацијата во 2017, и сега се гледаат позитивни движења. Се очекува годинава земјава да ја заврши со раст од 2,5 отсто, воден главно од приватните инвестиции и потрошувачката. До 2020 тој би достигнал 3,2 проценти.
Но, можните предвремени парламентарни избори носат прашалници, тие ќе го забават реформскиот процес и негативно ќе влијаат врз економскиот раст.
- Тие може да генерираат политичка нестабилност и несигурност, но се надеваме дека оштетувањата ќе бидат минимални, а реформите ќе забрзаат, па Македонија и натаму ќе ја гледаме на патеката на позитивниот раст. Но ако има високо ниво на политичка нестабилност и несигурност, постојат ризици таа позитивна траекторија да не биде согласно очекувањата. Македонија е пред критичен момент и критични прашања, и нашата желба е да се изнајде решение што побргу, бидејќи колку подолго ова пшрашање опстојува, толку поголема ќе биде несигурноста и нестабилноста за економијата“, вели Марко Мантованели, директор во Светска банка за Македонија.
Доколку, пак, земјата го забрза патот кон Европската унија, тоа ќе има позитивно влијание.
- Како позитивен фактор од Светска банка го издвојуваат намалувањето на невработеноста, велат достигнала историски најсниско ниво и годинава стапката ќе дојде до 20,4 отсто, но она што загрижува е големиот процент на неактивно население, повеќе од половината од нашите граѓани не работат, но не ни бараат работа“.
Главните причини ги гледаат во системот за социјална заштита кој не треба да биде дестимулативен, дознаките што ги праќаат иселениците, недостигот од градиники каде би се чувале децата, и слабите вештини што ги обесхрабрува луѓето да бараат работа. Загрижува и попрастот на невработеноста кај младите.
- Исто така, долгорочната невработеност, иако малку се намали, уште е висока, близу 80 проценти од невработените се долгорочно невработени, што упатува на структурни недостаттоци на пазарот на труд“, вели Бојан Шимбов, економсит во Канцеларијата на Светка банка во Скопје.
Пораст бележат и платите, во просек за 5,5 проценти, а најмногу кај трудоинтензивните дејности, за 10 проценти, што е резултат на воведувањето на минималната плата.
Светска банка со поддршка за прогресивниот данок, велат, Македонија има најниски приходи во однос на буџетот од сите земји на ЈИЕ, за тоа да се смени земјата има простор за малку повисоко оданочување на оние 3 до 4 отсто од граѓаните со највисоки приходи. Тоа ќе донесе повеќе пари за поддршка на приватниот сектор, тоа мора да го препознае оваа или било која Влада.
Порака и за капиталните инвестиции, кои за осум месеци се реализираа само со 23 отсто, светските банкари велат, преостанатите 300 милиони евра сигурно нема да се потрошат за само три месеци.
- Затоа сметаме дека управувањето со јавните инвестиции треба да зајакне во оваа земја. Да се направи стратегија која ќе ги филтрира јавните инвестиции што се стратешки важни и изводливи, и ако така се постават работите, нема да има толку надолна реализација, во спротивно, или проектите не биле добро подготвени, или не боиле доволно важни“, вели Сања Маџаревиќ од Светска банка.
Јавниот долг се зголеми на 49 отсто од БДП во 2018, велат од Светска банка, очекуваат годинава да достигне до 50 отсто од БДП. Сметаат дека бројката не е лоша, но на земјава и се советува да се фокусира врз негово стабилизирање. Парите мора паметно да се користат, пред се во човечки капитал, а социјалната помош да завршува само кај ранливите категории каде што е навистина потребна.
Нина Нинеска Фиданоска