
Сведоците велат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со денови се закануваа со народот
Дел од обвинетите можеби се случајно залутани во процесот за крвавиот четврток но дел знам дека работеа по сценарио во кое и самите учествуваа. Вака сведочеше доскорешниот пратеник а сега заменик министер за образование Петар Атанасов за она што се случуваше на 27- ми април лани во собранието. Потенцираше дека инцидентите со денови претходно како да ги најавувале пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница, а најостар во ова бил пратеникот Крсто Мукоски кој сега е меѓу обвинетите. Еден од останатите обвинети пак побара Атанасов да го препознае дали е тој човекот кој и помагал на една повредена пратеничка.
Сведочеше и пратенико Енес Ибрахим, кој раскажуваше за заканите кој ги добил тој ден. Дел од толпата викала фатете го турчинот, ни Ердоган сега нема да го спаси. Во еден момент паднал по што го удирале со клоци. Ибрахим рече дека кога успеал да стане го видел вработениот во УБК Мумир Пепич кој сега е меѓу обвинетите. Адвокатите инсистираа да каже дали тој го тепал, на што сведокот одговори дека не можел да види бидејќи си ја криел главата од ударите.
Инаку на листата сведоци денеска се уште пратениците Катерина Кузмановска и Хари Локвенец. Судењето против 33- цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок продолжува следната недела.
Билјана Николовска