
Сведоштва на пожарникарите и лекарите кои први стасаа на местото на несреќата
Мартин Божиновски е пожарникар спасител. Тој е во второто возило кое стига кај Ласкарци. На лице место ги чекало нешто што не го ни претпоставувале.
Сите трчале да помогнат, и луѓе од автопатот и локални жители, и екипи на итна помош.
Најголем проблем било што автобусот бил превртен на кров. Пожарникарите не можеле да сечат од автобусот и да вадат луѓе одвнатре. Требало да се подигне автобусот. На помош пристига специјализирано возило, сопственост на фирма на жители од блиските села.