Сведоштва на македонски граѓани од Пјаченца – Италија по 4 недели домашен карантин

1600 заболени, 240 починати до денеска. Ова е билансот на корона вирисот во малиот италијански град Пјаченца. Сведоштвата како Италија се справува со заразата за Телма телевизија ни ги пренесува Анета Николовска која 19 години живее и работи во Италија. Домот го дели со нејзиниот брат и мајка кои исто така освен до супер маркет и аптека не излегуваат од дома.

Мерките на владата на Италија пристигале една по една. Сега освен производните капацитети сите кои имаат можност работат од дома ,а остантите капацитети се редуцирани, работниците се се заштитени и оддалечени едни од други. ВО пјчанеца никој повеќе не вози велосипед, ниту, пак, џогира на улиците, навика на голем број граѓани.

Италија поседува еден до најдобрите здравствени систем иво светот чиј што капацитети овие денови е ставен на тест заради преголемиот број на пациенти, вели Николовска. Клиниката за инфективни болести е преполна, а дел до пациентите со полесни симптоми се лекуваат дома.

Николовска разговорот го заврши со порака до нашите иселеници да не го ризикуваат сопственото здравје и здравјето на граѓаните на Македонија и да не патуваат во овој период додека царува ковид-19.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ