Сведок од УБК на „Трезор“ тврди дека во Германија се обучувале за следење на комуникации и лица од приватни фирми

На обуки во Германија за користење на софистицираната опрема за следење на комуникации, познатиот шпионски софтвер Фин фишпер. освен вработени во УБК биле и двајца кои биле од надвор. Ова на судењето за „Трезор“ го раскажа сведок вработен во Управата кој лично присуствувал на дел од обуките заедно со обвинетиот Небојша Стајкович, Владимир Варелов, кој е обивнет во „Таргет Тврдина“ за прислушувањето и други колеги. За двајцата аутсајдери сведокот посочи дека им ги знае само имињата и каде работеле, едниот бил Панде од Мобико а другиот Александар што работел со Циско. Зошто биле со нив не знаеше да одговори. Овие одговори ќе треба да ги дадат на обивнителите кога СЈО ќе ги повика како сведоци.

Сведокот рече дека додека биле во Германија разбрале дека џабе ја следат обуката за користење на опремата, бидјеки нема тие да работат со неа, па коментирале со колегите дека нив ги праќаат таму за да не се дознае кој навистина ќе управува со софистицираниот софтвер за следење.

Иако во 2011 година бил на обуки сведокот никогаш не ја користел и немал допир со опремата. Дури на прашање на обвинителот одговори дека не знае ниту дали воопшто била набавена и колку чинела.

Според обвинението наместо опремата да се набави директно од британската фирма Гама што би било поекономично, раководството на УБК договорило набавката да се врши преку посредник, фирмата Финзи каде како Управител од август 2009 до февруари 2011 се јавува Владислав Стајковиќ, брат на обвинетиот Небојша од УБК. Со тоа направиле штета на буџетот од над 500 илјади евра. Еден од управителите на Финзи бил и починатиот Коста Крпач, кој бил сведок на СЈО а меѓу обвинетите се и екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, екс начелникот на петтата управа, избеганиот Горан Грујевски и поранешниот началник Тони Јакимовски кој од неодамна е во притвор за нова истрага на обвинителството за организиран кринимал за злоупотреба на средства од УБК.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ