
Сведок- очевидец: Никола не можеше да даде отпор на напаѓачите
Една минута трпел удари во лицето и главата. Загубил рамнотежа и паднал. Последниот удар со нога во вратот на сега починатиот Никола Саздовски, дошол од обвинетиот Бесир Беља. Очевидецот Миле Анегловски застана на пултот пред судијата, ги препозна двајцата обвинетите, и раскажа се што видел во моментот кога смртно настрада Саздовски, од три други млади момчиња на автобуската постројка во Автокоманда.
До мене беше покојниот Никола и девојката, дојдоа тројца дечки мислев дека се знаат, му побараа лична карта и почнаа да го удираат. Викав остајте го детето ќе викнам полиција. Тоа траеше околу минута, минута и пол. Детето падна од удирањето и удри на главата. Двајца дечки побегнаа накај колата „мерцедес”, а едниот го удри со нога на вратот. Ја запалија колата и отидоа, сведочеше Ангеловски.
Третиот обвинет не е достапен на полицијата и судот кои го бараат со потерница. Двајцата адвокати на обвинетите се обидуваа да го поттикнат сведокот да се сети подобро дали Саздовски паѓајќи се удрил во сандаче за струја.
Напаѓачите го оставиле во вирот вода, а Ангелеовски повикал полиција. Вториот сведок, пак раскажа дека кога пришле да му помогнат, Саздовоски модреел, и бил без свест, а од устата му течела крв. Прашања за сведоците имаше Судечекиот совет и членовите, на што бурно реагираа адвоактите на обвиените. Адвокатот Насер Рауфи побара изземање на претседателката на Судечкиот совет обвинувајќи ја за пристрасност при водењето на постапката, бидејќи според него не ги бележала одворите на сведокот во записникот. Судот го одби барањето, а рочиштте продолжи во доказна постапка во која обвинителството се обидува да докаже дека тројца осомничени го извршиле кривичното дело убиство на свиреп начин.
Павле Беловски