Сведок Е1: Ги видов телата, но не и пукањето

Заштитениот сведок во случајот „Монструм“ рече дека видел 4 тела. Не знаел дали се мртви или не, нути видел кој пукал. Неговиот идентитет останува тајна, бидејќи се плаши. Но, на прашање на обвиентитот Сами Љута за кого кажа дека му побарал запалка, судот не му дозволи да одговори дали се плаши или не од него. Претходно препозна три од четворицата обвинети дека четири дена пред кобниот ден се задржувале на неколку лоакции на Смиљковоското езеро, за денеска да додаде дека ги гледал и изутрина, а не само попладне. Судот го нарекува Е1, а адвокатите се сомневаат дека е полицаец кој не ја зборува вистината, бидејќи дел од одговорите не се совпаѓаат со неговиот исказ во претходниот процес.

Додека одбраната и обвинетите прашуваа, судот ја смируваше обвинителската четворка од СЈО која постојано приговараше дека прашањата на одбраната го загрозуваат заштитениот сведок. Задоволни од неговиот исказ и без дополнителни прашања беа адвокатите на роднините на убиените момчиња. Сведокот препознал повеќемина од нив и ги лоцирал на Смиљковското езеро токму на 12 април.

Судот побарал, а министерството за правда ги преведува судските документи кои наредната недела ќе бидат испратени до министерството за правда на Косово со барање да се екстрадираат Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, двајцата прво обвинети во „Монструм“. Косовоската страна во 2016-та, по три години одговори дека нема да ги екстрадира бидејќи се сомневаат дека за нив се води процес на етничка дискриминација.

Според обвиението на јавното обвинтелство, и пресудата доживотен затвор која Врохвен не ја потврди Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ пукале во четирите момчиња и рибарот.  Судот одлучи Е1 да здивне и наредниот петок одново да дава одгвори на прашања на Судечкиот совет, а потоа судот, обвинетите, одбраната и обвинителите да одат во МВР и да го прегледаат автомобилот „Опел Омега“ најважниот материјален доказ предложен од обвинтиелствотво.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ