
Свечена академија за Денот на судството
Денот на правосудството 31.март, денеска ќе го одбележи и Врховниот суд на Република Македонија со Свечена Академија на која ќе присуствуваат Претседатели и судии на Врховните судови од Албанија, Косово, Словенија, Турција, Хрватска и Црна Гора.
Утре пак официјално ќе биде пуштен новиот објект на Kривичниот суд кој почна да се гради уште во 2010, кога на поставувањето на темелите присуствуваа тогашниот министер за правда Михајло Маневски и експремиерот Никола Груевски.
Груевски ќе биде еден од првите кому ќе му се суди во тој објект бидејки во понедленик е закажан стартот и на петтиот процес на СЈО против него „Титаник“ за изборните нерегуларноси.
Честитка за денот на правосудството испратија од Граѓанскиот суд.
„Основниот суд Скопје II Скопје им го честита Денот на правосудството на сите вработени во правосудните органи и им посакува оптимизам, неисцрпна енергија и нови егземпларни професионални достигнувања во остварување на принципот на владеење на правото и јакнење на правната држава“, стои во соопштението.
Од овој суд информираат и дека судиите, во текот на 2017 година, од вкупниот број 60.091 предмети во работа, решиле 47.076 предмети, што е за 5.697 предмети повеќе во однос на 2016 година, кога биле решени 41.379 предмети.
„Анализата на вкупните податоци покажува дека судот, во текот на извештајната година, го совладал приливот и го намалил заостатокот на нерешени предмети од претходните години и тоа со само 66 судии, покрај Претседателот на судот, што е за 10 судии помалку во однос на утврдените 77 судиски места во Основниот суд Скопје II Скопје“, информираат со соопштение од граѓанскиот суд во кое стоi дека судот работел ажурно.