Свечена академија по повод 550 години од смртта на Скендербег

„Идеите на Ѓерѓ Кастриоти содржат елементи што и денеска за сите нас се идеал и стратешка определба: тоа е здружена Европа. Неговиот лик е тесно поврзан со вековните стремежи и борбата на Македонскиот и на Албанскиот народ за слобода и самостојност“. Со овие зборови Талат Џафери ја отвори свечената Академија посветена на 550-те години од смртта на Скендербег.

Тој е народен херој кој ги осветсти албанските племиња дека припаѓаат на една нација, велат историчарите албанци.

  •  Тој направи една хомогенизација. Тој е стожер на албанското национално ткиво што ќе се создаде подоцна. Тој праќа порака за Албанците на Балканот дека само заедно во нашите интереси, нормално и во мир со соседите, можат да бидат една успешна и проперитетна нација, истакна Скендер Асани, Директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

Бил омилен народен водач и кај другите балкански народи, вели професорот Владо Поповски.

Скендербег е централна личност за сите народи кои го сакаат мирот, а Охридскиот договор исто така е во духот на Скендербег, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети, одбележувајќи го почетокот на манифестациите по повод Годината на Скендербег.

Иако пораките на Ѓерѓ Кастриоти се обединувачки, собирот на плоштадот беше еднопартиски. Неговиот споменик го закитија цвеќиња само од лидерот, пратениците, министрите, градоначалниците, сегашните и поранешните функционери од ДУИ.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ