
Сушата во кочанско закана за оризовите насади
Сушата и празната вештачка акумуулација Калиманци во овој период од годината ги плаши оризопроизводителите дека годинава овие ниви во кочанско поле нема да ги посеат со ориз.
Лошата хидролошка состојба ги мачи особено земјоделците од неколкуте села во Општина Чешиново-Облешево, кои се последни на системот за наводнување.
Низ годините експериментирале со други култури, но на нивите ништо не им дава род, освен оризот.
И првиот човек на општина Чешиново Облешево е голем оризопроизводител смета дека доколку годинава ова поле не се посее под ориз околу 15 посто од младите земјоделци ќе си заминат во странство.80 постот од населението во оваа општина егзистира од оризот. Сушата е проблем за целиот исток, но и руинираниот систем за наводнување, кој со години не е саниран.
Земјоделските експерти препорачуваат да се воведе систем капка по капка, но земјоделците да ги сменат сортите на ориз.
До пред неколку недели Калиманци беше полна само 30 отсто, засега е донесен првиќен план за сеидбата на оризот од страна на Водостопанство Брегалница.
Но засега се чека на поголеми врнежи од дожд за да се наполни Калиманци, по што ќе се прави анализа дали во април и мај кога се сее оризот ова поле ќе наликува на голема бара или површините ќе останат обраснати со трска или трева.
Викторија Јованова