
Супхи Јакупи е избран за виш управен судија
Поранешниот член на ДИК, Супхи Јакупи е избран за виш управен судија.
Предходно на денешната седница на Судскиот совет Лидија Димчевска едногласно беше избрана за претседател на Апелациониот суд Скопје, која досега беше веде претседател.
За изборот за претседател на Апелација имаше 11 кандидати, меѓу нив судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за инцидентите од собранието на 27-ми април, но и му пресуди затворска казна на поранешниот премиер Груевски за случајот Тенк, потоа судијата Огнен Ставрев, кој го суди Монструм, како и актуелната в.д.претседателка Лидија Димевска.
Судскиот судскиот совет, од 22 кандидати ја избра судијката Лирија Елези Ајрулаху од Крвичен за судија во скопска апелација.
За судија на Врховен има 4-ца кандидати.