
Сулејман Ибрахим: Подршка добивам од цела Македонија да истраам до крај
Семејството на 38 годишниот Булен Ибрахим кој почина лани по компликации од рутинска операација, ќе го обжали решнието на Обвинителството, кое ги отфрли кривичните пријави за лекарска грешка. Јавниот обвиниел не утврдил отстапување при лекувањето од страна на хурургот, иако лани Државниот здравствен и санитарен инспекторат констатирал дека операцијата била извршена нелаегално, а амбулантата немала дозвола за такви интервенции.