
Сугаревски не ги прифаќа изговорите на градежните инспекторати
Dоколку овластениот градежен инспектор од општина Сарај не постапил во случајот со Матка, тогаш градежен инспектор од Државниот градежен инспекторат ќе изврши увид во работата на овластениот градежен инспектор од општината и ќе го информира Министерството за транспорт и врски, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески .
,, Ниту како човек, ниту како министер нема да прифатам дека институциите немаат надлежности, она што низ јавноста провејува овие денови. Јасно побарав од Државниот градежен инпекторат, комплетно да ја испита работата, согласно неговите надлежности и се разбира тука е општината Сарај како најнадлежна.#
Меѓутoа во ситуација, доколку не постапува општина Сарај, Државниот градежен инспекторат согласно, Законот за градење ќе ги преземе сите надлежности, изјави министерот за транспорт. Тој појасни дека доколку овластениот градежен инспектор од општина Сарај не постапува, тогаш државен инспектор од Државниот градежен инспекторат, се испраќа на самото место, при што тој врши увид на работата, дали постапил или не инспекторот од Општината Сарај.