Сугаревски: Градначалниците да се подготват за секундарната гасификација

Кракот од магистралниот гасовод Неготино-Кавадарци-Прилеп и Битола веќе е  во Пелагонискиот регион. Досега се заврешни 70 проценти од оваа делница во вкупна должина од 92 километри, и надминати се голем дел од проблемите при експропријацијата и градбата. Се очекува изградбата на кракот чија крајна точка е Битола да заврши напролет

-Завршивме околу 83 км од трасата, остануваат уште 9 километри. Имаме заварено околу 67 км во оваа делница и очекуваме дека до крјот на оваа година ќе имаме реализација на вкупните градежни активности повеќе од 95 проценти, изјави директорот на МЕР, Бајрам Реџепи.

Министерот за транспорт и врски, Сугаревски,  ги повика градначалниците да се подготват за секундарната гасификација.

-Сакам да ги повикам градоначалниците не само од овој регион, од овој крак Неготино-Битола, туку насекаде низ државата најбрзо да ги сработат проектите за од наредната година овозможиме да се отпочене секундарната гасификација и на тој начин што е можно побрзо граѓаните да ги  почувтсвуваат придобивките од овој проект, рече министерот Горан Суграевски.

Овој крак  е еден од трите предвидени од националниот проект  за гасификација за кој од буџетот годинава се издвоени една милијарда и 500 милиони денари.  На магистралниот гасовод Неготино- Штип се изведуваат завршни работи, а на магистарлата Скопје Тетово Гостивар се очекува да биде завршена до крајот на следната година.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ