Сугарески ги повика машиновозачите да го одблокираат железничкиот транспорт во земјата

Министерот за транспорт, Горан Сугарески, ги повика машиновозачите кои веќе четврти ден го блокираат железничкиот транспорт во земјава,  да се вразумат и да почнат да возат, бидејќи до сега со прекинот на работата направиле штета од 9 милиони денари.

Сугарески рече дека не прифаќаат никакви уцени, бидејќи до сега машиновозачите добиле се, а нивните примања се сериозни и поголеми од многу други работници.

Ги обвини дека држат во заложништво 2.000 вработени кои не го поддржуваат штрајкот кој МЖ Транспорт го прогласи за незаконски.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ