
Судскиот совет најостро ја осуди изјавата на поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи
Судскиот совет вечерва преку соопштение најостро ја осуди изјавата на поглаварот на ИВЗ Реисот Сулејман Реџепи, кој како што се вели во реакцијата на советот, дава изјава во која посакува смрт за судијката која ја донела одлуката за негова смена од функцијата.
Истовремено, Судскиот совет на РСМ најостро го осудува ширењето говор на омраза и очекува во најскоро време надлежните органи да ги превземат соодветните активности.
Судскиот совет на РСМ како и досега ќе го штити интегритетот и угледот на судиите кога е неосновано загрозен при вршењето на судиската функција, се подвлекува во соопштението.