Судскиот совет го разреши врховниот судија Ристо Катавеновски

Судскиот совет го разреши врховниот судија Ристо Катавеновски, дознава Телма од извори во советот.

За него се водеше постапка за нестручно и несовесно работење исто како и за претходно разрешените, претседателот на врховен Јово Вангеловски и Рахилка Стојковска за укинување на притворот на бизнисменот Сеад Кочан додека беше во бегство.

Претседателот на Судскиот совет Киро Здравев само потврди дека за еден судија е донесена одлука за разрешување а за тројца е стопирана постапката, но не сакаше да открива ниту од кој суд е ниту имиња, со образложение дека постапката е тајна и јавноста не присуствува на разгледувањето на овие точки.

На почетокот на следниот месец истекува 30 дневниот рок во кој жалбените совети прои Врховниот суд треба да одлучат по жалбите на Стојковска и Вангеловски за разрешувањето од Судскиот совет.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ