
Судскиот процес за 27-ми април се ближи кон крајот
Судскиот процес за упадот во собранието се ближи кон крајот. Во секој момент во Кривичниот суд се очекува да почне новото рочиште. Денеска ќе сведочи последниот обвинет за организираниот напад – Александар Василевски Нинџа. Неговиот адвокат најави дека како сведоци кои ќе дадат исказ во корист на Нинџа ќе ги викне Благоја Василевски и Дејан Димовски-Боксер.
Благоја Василевски е брат на Нинџа и долгогодишен телохранител на избеганиот осуден поранешен премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија. Според обвинителниот акт Благоја, кој на 27 април со Груевски бил во Виена, во 14.30 часот му се јавил на Нинџа, по што почнала акцијата за напад на Собранието.
Дејан Димовски-Боксер, вработен во УБК, е лицето кое во своето сведочење на 3 декември обвинетиот Стефан Младеновски го посочи дека по нападот на Собранието дошол во паркот Жена-борец и им рекол да не се секираат, камерите во Собранието не работат оти ги искршил.