Судски совет негира дека ги штити судиите, Спасовски бара истраги и за судии и обвинители и полицајци

Судскиот совет не ги штити судиите и членовите на судскиот совет од кривична одговорност уверува новиот претседател на ова судско тело Киро Здравев по критиките во јавноста дека советот ги привилегира судиите затоа што не дозволи да му се определи притвор на управниот судија кого обвинителството го гони за злоупотреба на службената положба.  Здравев вели постапиле според законите кога му го одземале имунитетот на судијата за да се води кривична постапка против него но не одобриле определување на притвор.

Дали судскиот совет веке отворил постапка за разрешување на управниот судијата кого обвинителестовто го гони за злоупотреби, Здравев не сакаше да потврди поради тајност на постапката но вели дека имаат повеке такви постапки кога паралелно со кривичната во обвинителстовто советот отвора и за разрешување на судијата

Министерот за внатрешни Оливер Спасовски пак коментира дека за подобрување во секторот правосудство треба да се отворат истраги и за судиите обвинители и припадници на МВР

-Не е прифатливо МВР да отвора случаи, да ги води, да дојдеме до ситуација на покренување истрага, апсења и по неколку часови тие исти луѓе да бидат пуштени од страна на судот, рече Спасовски.

Претходно обвинителката за организиран криминал Русковска, испровоцирана од одлуката на советот да не дозволи притвор за судијата, рече дека правото очигледно важи само за обични луѓе и посочи дека судиите обвинителите, пратениците и други носители на јавни функциии, мора да бидат построго казнувани бидјеки тие треба да го спроведуваат законот а не да го кршат.

Елена Ивановска Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ