
Судски совет ќе го проверува сведочењето на Стефанова за Кацарска
Од петмина повикани сведоци минатата недела ниту еден не дошол во Обвинителството за организиран криминал да одговара на прашањата поврзани со истрагата за Империја против бизнисмените Камчев, Панделевски, екс директорот на УБК Мијалков и други дознава Телма од извори во истрагата. Еден сведок примил покана и сепак не дошол, но за другите нема информација дали имало уредна достава или не велат нашите извори, но сега повторно ќе се испракаат нови покани и ако и тоа не даде резултат не се ислучува сведоците да бидат носени со полиција. Империја ги разбранува судско обивнителските редови откако обивнителката Лиле Стефанова како сведок во Рекет ја издвои судијката Добрила Кацарска како една од оние што ургирале во корист на осомничените. На барање на Кацарска сега и судскиот совет ќе проверува дали и влијаела јавувајки се на нејзин колега обивнител.
Стефанова во разговор за телма вели нема да коментира својот исказ даден како сведок и кусо дополни дека сведокот во судница треба да ја говори вистината
Судијката Кацарска му пиша на Здравев дека никому не вршела притисок и дека е згрозена од свеодчењето на Стефанова која говорела невистини за неа. Смета дека се злоупотребува тоа што јавно кажала дека членови на фамилијата Камчеви и се пријатели. И шефицата на организиран криминал Русковска ја критикуваше колешката од Империја дека недозволиво било тоа што молчела година ипол иако знаела дека треба да пријави во судски совет.
Елена Ивановска Мукоска