
Судски совет бира наследник на Караџовски
Судскиот совет денеска избира нов претседател, кој треба да дојде на местото на претседателот Зоран Караџовски, чиј мандат истекува утре. Нашиот репортер јавува дека едиснтвен кандидат за наследник е врховниот судија Киро Здравев, кој е нов член на Судскиот совет од декември 2018-та. Го предложи неговиот колега, членот Сашко Ѓоргиев, а други предлози немаше. Следува тајно гласање зад параван, а за избор се потребни 8 гласа. Мандатот на претседателот на судскиот совет, според новиот закон е 2 години. На седницата е присутен и претседателот на Врховен, Јово Вангеловски, кој во последно време не доаѓа на седниците, а е член по функција.