
Судски рочишта за „Трезор“, „Тарифа“ и „Труст“
Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на СЈО „Трезор“, „Тарифа“ и „Труст“.
Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, кој веќе со месеци се наоѓа во екстрадициски притвор во Грција.
Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на петтата управа при УБК.
Ново рочиште денеска треба да се одржи и за случајот „Тарифа”. Специјалното јавно обвинителство за овој случај сомничи три лица поради постоење основано сомнение дека е извршена злоупотреба на службената положба во постапка по јавна набавка на софтвер – ЕРП систем за потребите на АД ЕЛЕМ.
Во предметот „труст“ првоосомничен е бизнисменот сеад кочан и уште две физички и три правни лица, кои се товарат за фалсификување документи и местење тендери во елем во вредност од 17 милиони евра.