
Судски порача: Итните предмети да се одржуваат но и не толку итните ако има законски и здравствени услови
Судења во кои има обвинети во притвор домашен притвор или мерки за обезбедување присуство, кривични предмети за кои постои опасност од застарување, дела поврзани со актиелчната состојба и опасноста од ширење на Корона, итните предмети, предмети пред пресуда. Ова е дел од списокот што судскиот совет го достави до сите судови и ги задолжи да постапуваат по овие предмети како нужни.
Закажаните расправи по предметите кои не се итни се одржуваат доколку се исполнети законските услови и доколку претседателот на судот и судиите проценат дека не се со висок ризик по здравјето на судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката, велат од Судскиот совет.
На претседатеите на судовите и судиите , судски совет им препорачува одредени работи да вршат од дома а да доаѓаат во денови за судења. Да се дезинфицираат судовите, сите што влегуваат да поминуваат низ здравствени и безбедносни мерки.Да не се создала гужва пред шалтерите.
Во очекување на одлуката на Судски, претседателот на адвокатската комора која уште викендов побара одлагање на сите предмети освен притворските и оние со времени мерки, денеска повторно предупреди дека во судовите во цела држава дневно се одржуваат по неколку илјади рочишта и претставуваат потенцијални места каде може да се шири короната
Предметите за кои не се одржува рочиште 90 дена се враќаат на почеток. Што со можните последиците врз предметите и судството ако потрае кризата, Михајловски вели решение треба да дадат од Врховен суд
Периодов се одлагаат и притворски предмети бидјеки странки во постапката се во самоизолација, се хронично болни или чуваат деца до 10 години и ги користат вадините мерки.
Елена Ивановска Мукоска