Судската полиција во униформи стари 12 години

Донесен е планот за едукација и тренинг на судската полиција, но од независниот синдикат велат дека е за бадијала бидејќи немаат ниту опрема, ниту униформа, за да си ги извршуваат своите работни задачи.

Сметаат дека безбедноста на судовите во земјава е на катастрофално ниво, апелираат дека е време да се исполнат барањата за подобри услови за работа, со цел да не се случи како во судот во Виница пред 23 години.

Литовски алармира дека 183 судски полицајци немаат универзални униформи, бидејќи над 12 години не им се набавени од страна на Министерството за правда.

Независниот синдикат на судската полиција бара да се донесат и законските измени за бенифициран стаж и за зголемување на платата за 20 отсто.

Бараат поголема поддршка од институциите, а доколку и новата Влада не ги исполни нивните барања, во тој случај ќе преземат и порадикални чекори.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ