
Судската фела смета дека ветингот не може да се спроведе
Ветингот е наметна опција и не може да се спроведе во пракса. Судии, обвинители и граѓански организации предупредуваат на штетните последици кои ќе произлезат од евентуална примена на ветингот. На судството му е потребно прочистување од непрофесионалните кадри, а оценката за работата на судиите треба да ја дава Судскиот совет. Во спротивно постои опасност од мешање на извршната власт.
Ветингот може да доведе и до политички реваншизам.
Судската фела апелира на поголем и посериозен пристап на политичарите при најавите за ветинг затоа што само на тој начин може да се врати довербата во институциите. Политички влијателните судии треба да подлежат на ефективни професионални и етички правила а доколку се обезбедени докази за кривична одговорност тогаш треба да одговараа за нивното несоодветно постапување.
Јулијана Пешевска