
Судска медицина: Две од жртвите кај смилковкосто езеро гледале во убијците
Рибарот Борче Стевковски починал од куршум во главата, а во раката го држел клучот од автомобилот. Убијците биле побрзи и со 5 куршуми го усмртиле пред да влезе во него. Едно од момчињата Кире Тричкосвки бил исправен или пак клечел, а истрелот во стомакот бил пресуден. Лекарите од судска медицина само за две жртви потврдија дека во нив било пукано од напред. Останатите биле легнати на стомак или свртени со грб. Со сигурност пред судијата и специјалните обвинители сведочеа дека четирите момчиња и рибарот биле убиено на местото каде што се пронајдени.
Петте жртви се убиени каде што беa пронајдени и во брз временски период. Крв се наоѓаше под нивните тела. Исто така во земјата под некои тела беа пронајдени проектили, рекоа вештаците.
Вештаците се обидоа и со точност да одговорат во колку часот починале жртвите, за кое велат е едно до најтешките прашања.
На местото пристигнавме два часа пред полноќ, а телата ги подигнавме во 8 часот наредниот ден. Според наодите, смртта настапила доцна попладне на 12 април 2012-та година, сведочеа вештаците.
Во сите пет жртви е пукано од „релативно блиску“ или најмногу до 1,5 метри оддалечност, со две автоматски пушки „калашников“ и пиштол. Според обвинението пукале Африм Исмаиловиќ, Алил Демири и Агим Исмаиловиќ, еднаш осудени на доживотен затвор, а откако предметот Врховниот суд го врати на повторено судење, Агим Исмаиловиќ се брани од слобода. Алил Демири и Африм Имаиловиќ престојуваат на Косово, судот за нив бaра одново екстрадиција откако избегаа во периодот кога се апсеа осомничени.
Семејствата на убиените момчиња и рибарот не дојдоа во судницата, бидејќи, како што претходно истакнаа, тоа е многу болно за нив и не ќе може да ги следат исказите. Рочиштето доцнеше час и половина, не можејќи да го исклучат алармот, вработените ја исклучија струјата во судот.
Павле Беловски