Судот во Стразбур затрупан со жалби од Македонија

Македонија е во друштво на десетте држави од кои пристигаат најмногу жалби до судот на човекови права во Стразбур. Минатата година до судот се доставени 370 апликации од кои се прифатени 234 а 136 се одбиени. Судот донел 12 пресуди кои опфаќаат 15 предмети а државата треба да исплати надомест од 125 илјади евра врз основа на овие пресуди.

На денешна седница на собраниската Анкетна комисија беше презентиран извештајот за 2018 година како и неколку случаи кои државата ги изгубила. Судот во Стразбур пресудил дека во „случајот Асани“ кој се однесува на убиството на тројцата полицајци на влезот во Арачиново за а кој беа изречени доживотни казни затвор има повреди во постапката односно сведоците не биле сослушани на рочиште и со тоа била ограничена нивната одбрана.

Судот донел пресуда и дека Велија Рамковски и Бајруш Сејдии им биле нарушени правата бидејќи им бил продолжуван притворо без затоа да има соодветни причини, но од друга страна пак пресудил и дека кај рамковски не бил нарушена презумпцијата на невиност и Апелацискиот суд не ги пречекорил законските рокови во своетео потапување.

Минатата година судот пресудил ви во корист на сегашниот заменик министер Јани Макрадули на кого му била ускратена слободата на изразувања, односно бил осуден кривично за клевета искажана кон Сашо Мијалков и требало да плати надомест од 38 илјади евра.

Според пратеникот Панчо Минов бројот на одбиени апликации во Стразбур минатата година укажува дека мора да се работи на едукација на граѓаните.

Претставникот на правда нагласи и дека бројката на прифатени апликации и сумата која ќе мора да ја исплаќа државата ќе се зголемува.

Анкетната комисија го разгледуваше и извештајот на Комисијата за заштита од дискриминација. Минатата година биле поднесени 132 претставки  од кои 119 биле затвореани а во 19 била утврдена повреда на правата односно дискриминација.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ