Судот пред одлука ќе застари ли „Тракторија“ за Груевски

На 6-ти декември 2017 експремиерот Никола Груевски за прв пат влезе во судница за предметот „Траекторија“ за кинеските автопати – речиси две години подоцна не само што за судењето против него се информира од Будимпешта, туку можно е наскоро и да се спаси од гонење во овој предмет. Неговиот адвокат по службена должност деновиве побарал од судот да констатира дека експремиерот не може повеќе да одговара за примање награда за противзаконито влијание во Траекторија бидејќи минатиот месец настапила застареност.

Како бранител по службена должност ќе ги искористам сите законски можности кои се на страна на обвинетитот и веќе имам поднесено барање за апсолутна застареност за кривично гонење и оставам на судот да одлучи по барање,

вели адвокатот по службена должност Горан Кркински.

Следното рочиште за „Траекторија“ е закажано за во среда и од судот не исклучуваат да има одлука уште тогаш. 

Поминале 6 години откако е извршено делото за кое максимална казна затвор е 3 години а пресуда се уште нема. 

Од Колацијата за правично судење објаснуваат дека апсолутна застареност настапува кога ќе помине двапати онолку време од предвидената највисока казна за кривичното дело што се става на товар.

Судот ќе треба напрво да донесе решение за раздвојување на постапката за овој обвинет со оглед на тоа дека во предметот се повеќе обвинети, а за нив сеуште нема настапено застареност. Откако ќе биде раздвоена постапката, судот ќе треба да донесе решение за запирање на постапката и да донесе одбивателна пресуда,

велат од Коалицијата.

Судењето трае скоро две години а од Колацијата која со свои набљудувачи ја следи „Траекторија“ причината за долгата судска постапка ја лоцираат поради краткото траење на самите рочишта иако потенцираат дека тие често се закажуваат. 

Во овој предмет обвинети за злоупотреба на службеаната положба се и екс функционерите Владимир Пешевски, Миле Јанакиевски и Љупчо Ѓориевски но со оглед на тоа што одговараат за кривично дело за кое се предвидени повисоки казни и застарнеоста настапува подоцна.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ