Судот му одреди притвор на сопственикот на „Дурмо турс“

Судот му одреди притвор на сопственикот на „Дурмо турс“ и на второосомничениот од седумтемина приведени за несреќата кај Ласкарци, третот доби домашен притвор, а еден помина само со мерки на претпазливост. За уште тројца осомничени се уште трае распитот.

Обвинителството побара приведување на седуммина меѓу кои возачот на автобусот, сопственикот на „Дурмо Турс“ и неколкумина вработени во Дурмо Турс и станицата за технички преглед, кои и двете се во сопственост на истиот газда, првоосомничениот Дурмиш Бејули.

Шестмина од осомничените се гонат за тешки дела против безбедноста  на луѓето и имотот во сообраќајот, за кои е пропишана казна затвор од најмалку 4 години. Седмиот осомничен се гони за несовесно работење во службата.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ