Судот излезе на местото на убиството на Никола Саздовски

Автобуска постројка, двајца напаѓачи и место починатиот Никола Саздовски, медицинска кукла којашто лежи поставена на асфалтот. Судијката, обвинителот, адвокатите и семејството дојдоа на местото на убиството за да слушнат од сведоците и напаѓачите, што и како се случило пред 7 месеци. Имало тепачка, но Саздо не починал од пад во метална кутија, вели адвокатот на семејството.

Сандачето за струја можело да повреди и убие човек, бидејќо во него со главата удрил Саздовски, вели одбраната која ја побара рекоснтрукцијата.

Сведоците ја потврдиле верзијата којашто ја кажаа во судот, исто и вештаците, а обвинетите одново лажеле дека биле испровоцирани од Саздовски за да се пресметаат, смета неговиот татко.

Булеварот во населбата Автокоманда го окупираа полициски специјалци кои будно ги пазеа движењата на обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири, кои денеска беа со лисици на рацете и донесени од притвор, но пред седум месеци тврдеа дека тргнале на кафе, но застанале на атобуската, бидејќи обвинетиот Бесир Беља помислил дека ја видела неговата братучетка.

По, тепањето на Саздовски тој почина на скопките клиники, а Беља и Скендер Демири од притвор се бранат за убиство на свиреп начин за кое ги гони обвинителството.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ