
Судот го обвинува СЈО за притисок поради интервјуто на Катица Јанева за КОД
Си даде оценка 110, но ставот на Катица Јанева за однесување на судијка во случајот Титаник 3 предизвика контра обвинувања дека СЈО врши притисок врз судот. Судијката Оља Ристова сама побарала и доби изземање од случајот на СЈО Титаник 3 откако обвинителите се пожалија и пријавија закани од адвокатот на обвинетиот пратеник Ејуп Аљими. Судот извести дека изземањето е побарано по интервјуто на специјалната обвинителка Јанева за КОД на Телма за што и судијката Ристова и кривичниот суд сметаат дека станува збор за обид за директен притисок во случајот.
Судијата Ристова смета дека со ваквото неосновано медиумско влијание за предмет за кој и онака секоја расправа се одвива во присуство на претставници на медиуми, невладини организации и меѓународни претставници во земјата, се врши директен притосок и се доведува во прашање нејзината независност и непристрасност во постапувањето, што отвора сомнеж во јавноста, Соопштение на Основен суд Скопје 1.
Денес од СЈО без коментар, останаа на наводите во интервјуто на КОД. Во него Јанева бараше медиумско присуство на рочиштата затоа што специјалните обвинители не биле заштитувани од судот по што и адвокатите и обвинетите политичари се однесувале несоодветно и на крај упатиле закани.
Судот во своето соопштение тврди дека на рочиштата за Титаник 3 имало ред во судницата и сите барања на странките се усвоени. Сега откако Ристова е изземена за предметот повторно ќе се бира нов судија и ќе почне од почеток. Страстите во случајот ги запали Фатиме Фетаи која го обвини адвокатот Мефаил Арслани дека упатувал закани по животот на обвинителот Гаврил Бубевски, а во име на клиентот Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ. Адвокатот тврди дека Фетаи лаже, а Бубевски поднесе кривична пријава. Настанот се случил во ноември, но беше откриен пред две недели. Титаник 3 е случај за изборни нерегуларности и лажирање на резултати за локалните избори во Чаир од 2013-та, а обвинет е Ејуп Аљими.
Миомир Серафиновиќ