Судскиот совет чека што ќе одлучи Советот за безбедност

Судењата да се одложат за да се спречи евентуално ширење на корона вирсуот во судовите апелираат адвокатите. По адвокаската комора денеска и поединечно преки фејсбук или изјави за медиуми адвокатите апелираат ако има огрнаичувања и мерки во сите области да се презем нешто и со судските постпаки. Потсетуваат дека неделава има закажано рочишта како седницата во апелација за 27 ми април каде ке има 10тици присутни обввнети адвокати полицајци јавност. Дополнително велат во судовите во Кривичен и во граѓански суд дневно влегуваат стотици странки.

Од судскиот совет пак чекаат што ке одлучи Советот за безбедност. Претседателот на судски, Киро Здравев во изјава за Телма вели, место за паника нема но претседателите на судовите треба да ја организираат работата на начин што ќе се почитуиваат мерките препораките, за да се намали ризикот за ширење на Корона вирусот.

Судот не може да не работи но може да се прилагоди на состојбата вели Здравев. Судиите и претседатлеите треба да водат сметка ад хок, од случај до случај во согласност со владините мерки.

Скопска апелација ги одложи и трите закажани темрини неделава на кои требаше да се разгелдувааат жалбите на пресудата за 27 ми април.

-Јавната седница закажана за ден 18,19 и 20 март по предметот познат во јавноста како „27 Април“ се одлага, во интерес на јавното здравје и превенција, а во согласност со издадените мерки и препораки од Владата, а како Апелациониот суд Скопје не е во состојба да обезбеди правилна примена на препорачаните мерки, известија од апелација.

Судиите од Штипскиот основен суд  на седница донеле одлука да ги одложат сите рочишта до 24 март, кои не се итни и за кои не постои опасност од застарување. Велат дека ваквата олдука е во согласност со препораките на Владата и со цела да се намали фреквацијата на луѓе во судот и со тоа и ризикот од евентуално ширење на заразната болест.

  • Во ОС Штип постојат само три судници во кои може да се задоволат препораките за избегнување на близок контакт и држење на растојание помеѓу присутните, а поголем дел од судењата, поради немање на доволен број судници, судиите ги одржуваат во своите канцеларии, кои се мали простории и во истите не е можно доследно почитување на препораките во истите. Предметните рочишта ќе бидат одложени за краток рок со цел да не се наштети на правата на странките, пишува во соопштението на основниот суд во Штип.

Мерките против Корона беа причина да се одложат завршните зборови за Титаник 3 во Кривичниот суд.  Обвинетиот Исмет Гури како хронично болен останал дома.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ