Судири пред српското собрание- Опозициското движење Двери со напади врз пратениците од власта

Долу влада, Вучиќ оди си, арами арамии вака опозицијата ги дочека денеска своите колеги пратеници и министри пред српското собрание.

Со транспаренти „Долу владата“, „Дали короната зависи од изборите“ започна блоката на скалите во организација на опозициското Двери која ескалираше кога пристигнаа припадниците на владеачкото мнозинство. Лидерот Бошко Обрадовиќ порача дека е дојдено време за бунт и ги повика граѓаните ширум Србија да излезат на улиците во сабота во 19 часот и да формираат протестни колони со велосипеди и автомобили.

Обрадовиќ имаше „вербален дуел“ со министерот за здравство Лончар на кого му порача дека ќе заврпи в затвор. Пред Лончар, во парламентот пристигна лидерот на радикалите, Воислав Шешељ, на кого собраните му извикуваа „уа“.

Пратениците на Двери тврдат дека пратеникот Милован Дрецун физички ја нападнал нивната колешка Марија Jaњушевиќ, а пратеникот Марјан Ристичевиќ е снимен во зградата со искината јакна.

Мета на напади беше и лидерот на Либерално-демократската партија Чедомир Јовановиќ, порачувајќи му дека не е опозиционер, бидејќи нема да ги бојкотира изборите закажани за 21 јуни. По синоќешниот состанок на опозицијата, денес и лидеот на Движењето на слободни граѓани, Сергеј Трифуновиќ рече дека ќе излезе на изборите.

Српскиот претседател на својот инстаграм профил објави говор во кој го повика народот наостро да го осуди, како што рече фашистичкото однесување на Обрадовиќ и неговите луѓе.

-Барам од народот на најостар можен начин да го осуди фашистичкото дивеење на овие луѓе и да покажеме дека Србија е демократска земја. Тоа го барам и од сите политички претставници. Бидејќи можеме да се разликуваме по многу нешта, да мислиме поинаку за сите прашања, но фашизмот никогаш не бил своствен за Србија, а воие слики можеме да ги гледаме само во нацистичка Германија во триесетите и во усташка Хрватска во четириесетите, рече Александар Вучиќ, претседател на Србија.

За уривање на демократските слободи и права Вучиќ беше обвинет и на синоќешниот собир на граѓани во Белград, пред претседателскиот кабинет, за порвпат по укинување на вонредната состојба.

Иако изостана социјалната дистанца демонстрантите речиси сите носеа маски на лицата. Но ситуацијата се заостри кога опозиционите лидери се обидоа да влезат во претседателската зграда, железните огради не успеаја да ја задржат масата народ, а обезбедувањето не интервенираше.

-Овде сме затоа што и сме слути на владата, поради се што ни направија во текот на предходнните два месеца, па и подолго време. Ова е јасна репресија и мислиме дека тоа е диктатура која ја живееме во денешно време. Тоа не е само поради Ковид – 19, туку и поради се друго што се случува во оваа земја, вели Биљана Стојковиќ, од движењето “Граѓански отпор”.

Само пред два дена српското собрание гласаше за укинување на вонредната состојба која беше воведена кон средината на март. Гласањето помина со бојкот ос страна на опозицијата, која обвинува дека власта ја искористила вонредната состојба за да си ја засили својата позиција во државата. Војската беше распоредени низ државата, се спроведуваше строг полициски час, а на луѓето над 65 години им беше забрането да излегуваат надвор. Со чукање во тенџерија и свирежи за време на полициски час граѓаните го истажаа своето незадоволство. Србија има околу 10.000 заболени и над 200 починати од коронавирусот.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ