
Судир на две возила во Скопје
На крстосницата од улиците „Панајот Гиновски“ и „Борис Сарафов“ во Скопје утринава во 2:00 часот се судриле патничко возило „Опел Астра“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј. (60) од Гостивар и товарно возило „Опел Виваро“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. (64) од скопското село Сарај. Притоа, со повреди се задобиле сопатниците во возилото „Опел Астра“, Ф.А. (51) од Дебар и Б.С. (54) од Гостивар.
Тие со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Кај Ф.А. биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на лекување, додека кај Б.С. биле констатирани телесни повреди и била пуштена на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.