Судијката Оља Ристова изземена од случајот „Титаник 3“

Судијката Оља Ристова повеќе нема да го суди случајот „Титаник 3“ каде обвинети се координаторот на ДУИ Ејуп Алими и Исмет Гури за уништување на изборен материјал.

Ова значи дека и судењето сега се враќа на почеток. Судијката Ристова барала, а претседатлеот на судот Џолев прифатил да биде иземена поради изјавата на специјалната обвинителка Катица Јанева дадена за емизијата КОД на телма, а во врска со заканите на адвокатот на пратеникот до обвинителот од СЈО Бубевски.

Судијата Ристова смета дека, преку изјавата на Јанева, и се врши директен притисок и се доведува во прашање нејзината независност и непристрасност во постапувањето на предметот. Јанева побара од новинарите и јавноста будно да го следат овој предмет бидејќи судот не ги прифатил овие наводни закани како сериозни и не презел мерки, но и дека  тоа дека не е воспоставен соодветен ред во судницата.

Сличен е ставот и на судот кој во соопштението пишува дека ваквите изјави на СЈО, ги разбира  како обид за директен притисок врз судијата. Сепак заради отстранување и на најмал сомнеж за пристрасност судот одлучил да ја изземе Ристова од овој предмет.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ