Уставен суд ја отфрли иницијативата за оспрување на одлуката за референдум

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година.

За отфралење на иницијативата гласаа седум уставни судии, а за беа двајца Елена Гошева и Јосиф Јосифовски.

Судијката известил во Уставниот суд, Елена Гошева на денешната седница побара поведување постапка и времени мерки. Гошева ова го аргументирала со тоа дека референдумското прашање е двосмислено, нејасно, содржи 8 можни одговори. Таа смета дека тербало да се постават три прашања на референдумот, а не едно. Гошева смета дека министерто за надворешни Никола Димитров, немал право да склучи ваков договорот со Грција, бидејќи како што рече, тој е ништовен и не е влезен во правниот поредок. Судијата Дарко Костадиновски пак рече дека одлуката на Собранието за одржување на референдумот, имала недостатоци, но тоа не ја прави неуставна.

Воведување на времени мерки, значи прекинување на сите подготовки за спроведување на референдумот, активностите на ДИК, на Владата, на Собранието и целата кампања.

Подносителите сметаа дека одлуката за референдумот не е во согласност со Уставот на РМ, Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија. Тие бараа Уставниот суд целосно да ја поништи одлуката за референдум, а доколку одлуката ја донесе по референдумот, тогаш да ги поништи резултатите.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ