Судијката Димишкова, од снимките направени кај Орце Камчев, повикана во обвинителство

Судијката Весна Димишкова е повикана да дава исказ пред обвинителката Вилма Рускоска, која го води случајот „Рекет“.

Неа ја споменуваат во снимените разговори направени во домот на Орце Камчев поврзани со случајот “Рекет“.

Засега нема информации во какво својство е повикана но, освен за неа во разговорите можеше да се слушне и за нејзиниот брат кој што работи како адвокат.

Инаку истрагата за случајот „Рекет“ е завршена и веќе е поднесено обвинение за тројца, додека во делот за Меѓународниот сојуз на Боки 13 се уште трае и нема инволвирано судии и адвокати.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ