
Судијата Шабани бил известен од Собранието за отсуството на Димовски од „Талир“
Судијата Осман Шабани уште на крајот на октомври бил известен дека пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски нема да биде присутен на рочиштето за предметот Талир.
Известување уште на 24 октомври испратил претседателот на собранието, Талат Џафери, со кое објеснува дека пратеникот Димовски нема да биде во земјава од 3 до 7 ноември, бидејќи како шеф на собраниската делегација на ПС на НАТО ќе учествува на заеднички состаноци на Комитетот за цивилна димензија за безбедноста, што ќе се одржат во Стразбур во Франција.
„На овие состаноци се покануваат делегациите само од земјите членки на ПС на НАТО и НАТО, а во контекст на потпишувањето на Протоколот за пристапување на Република Сверна Македонија во НАТО од страна на сите земји членки на НАТО на 6 февруари 2019, делегацијата на Собранието на Северна Македонија во ПС на НАТО се стекна со правото полноправно да присуствува на овие состаноци“, се вели во известувањето кое е потпишано од претседателот Џафери.
„Со ова ве известувам дека пратеникот ќе биде отсутен и надвор од државата во посочените термини поради извршување на сериозни собраниски должности, за што во прилог доставуваме документација за настанот„, завршува известувањето.
Судијата Шабани вчера прв изреагира за отсуството на Димовски, и јавно го опомена.
„Ваква неодговорност нема да толерирам. Никогаш во животот веќе да не се осмелил. Илија Димовски нека заборави за одлагање. Не НАТО, не ЕУ, не Св. Апостол Павле да го бара, во иднина нема одложување, ова е неодговорно“, реагираше судијата Шабани.
На вчерашното рочиште требаше да почне образложувањето на предложените листи со докази од застапникот на обвинението Ленче Ристевска. „Талир“ отпочна на 18 ти февруари, без обвиентиот Никола Груевски кој е во бегство, но со присутните Кирил Божиновски и Миле Јанакеивски за злоупотреба на служебната положба, и Димовски, Леко Ристовски и Елизабата Чингаровска коај призна вина за перење 4,6 милиони евра за партијата ВМРО- ДПМНЕ.