
Судија од Валона: Ветингот го отежна работењето на судовите во Албанија
Судскиот ветинг ги симна маските во Албанија и ги испразни судските фотељи во Уставниот суд и во Врховниот. На ред се апелационите и основните судии кои треба да ја минат реевалуацијата. Флоријан Калаја судија во основниот суд во Валона кој се уште не го дошол на ред за проверка .Тој ветингот го сфаќа како неопходност не само за судиите туку и за политичарите но смета дека наместо да се формираат специјани тела за ветинг треба да профункционираат оние постојани чија работа е токму тоа да ја следат оценуваат и санкционираат работата на судиите и обивнителите.
–Ситуацијата е тешка, има недостаток на судии. Во моментот во Уставен се избранаи 4 судии а досега имаше само еден судија. Во врховен има само двајца што навистина го отежнува работењто на овие судови и не функционираат, вели Калаја
Сметам дека не треба да се формираат привремени посебни органи за една цел кои потоа нема да функционираат. Моја цел е да профункционираат нашите постојани државни институции како судски совет обвинителски совет, антикорупциска комисија можат да контролираат совесно работење на судиите и обвинителите, додава судијата од Валона
Албанија го избра ветингот да ја има улоглата на прочистувач во правосудството. Кај нас судскиот совет треба да мете со златната метла што им ја даде министерката Десоковска, додека се најавува ветинг, еветнуално за следната година и се чека и зелено светло од еу.
Александар Маршавелски од загребскиот правен факултет смета дека ветинг е неопходно да се формира тело со странски експерти но вели дека треба да се внимава и на други аспекти.
Лугето во правосудстото да не меаат отпор од судските реформите. Хрватското искуство покажува дека пред портите на ЕУ се прават клучните промени смета професорката Злата Џурџевиќ од правниот факултет во Загреб
- Хрватската имаше драстични реформи пред да влезе во ЕУ. Еден од главните и последни критериуми што мораше да ги исполниме беше ефикасна бобра против организиран криминал и корупција. Поради тоа имавме голема реформа во законот за кривична постапка, воведовме обвинителска истрага, УСКОК и го зајакнавме правосудството. На државите кои се наогаат во предворјето на ЕУ би им препорачала дека Хрватска најголем напредок направи кога беше кандидат членка, и секако државите кандидати треба да го искористат времето да направат успешно и независно праовсудство и да рбаотат на јакнење на владеење на правото.
Хрватска сега воведува јавна објава на имотна сстојба на судиите и обвинителеите, до сега имало само за политичарите објаснува професорката Џурџевиќ. Објаснува, државниот судски совет се соочува критики во јавноста дека не е доволно ефикасен и дека многу малку судии минуваат низ дисциплински постпаки.
Токму незадовлстовто од резултатите на макеоднскиот судски совет ги засили барањата за ветинг како форма за реевалуација на судиите.
Елена Ивановска Мукоска