
Судиите предупредуваат на можни злоупотреби за нивно разрешување
Судиите се незадоволни од финалната верзија на законот за судови и судски совет со кои е зголемен бројот на основи по кои можат да бидат разрешени. Непочитување на ставовите на европскиот Суд за човекови права, искористување на судската функцијата за приватни цели оневозможување на надзор врз судската работа, се дел критериумите за разрешување на судии за кои од здружението велат дека се многу општи и стравуваат дека во иднина може да бидат злоупотребени и неосновано да се разршеуваат судии од страна на судскиот совет.
Од здружението сметаат дека законските измени кои беа изгласани месецов во договор мегу опозицијата и власта, не се во корелација со стратегијата за правосудни реформи и препораките на Прибе да се прецизираат и намалат основите за разрешување на судија.
Саити ја поддржува соработката мегу власта и опозицијата но порачува дека крајна цел треба да им биде заштита на независноста и стабилноста на судството бидејки само така вели, се доаѓа до владеење на правото и квалитетно судство од кое ќе бидат задовлни сите што ќе бараат правда.
Токму овие законски измени ги искористија во завршен збор за случајот „Тенк“, Груевски и неговите адвокати и им упатија предупредување на судиите дека со новите законски одредби може да бидат разрешени за непочитување на праксата на судот во Стразбур.
Елена Ивановска Мукоска