Судиите донирале 4,6 милиони денари за борбата со Ковид-19

4,6 милиони денари или околу 75 илјади евра е сумата која ја донирале над 400 судии во Солидарниот фонд за справување со вирусот COVID 19, објави здружението на судии. На  табела може да се забележи дека од вкупно 34 суда, од два суда (во Крушево и Кратово) нема уплати а во другите е објавен е бројот на судии кои донирале и вкупната сума. Највисоки суми има во графите на скопските судови, кривичен, граѓански  и апелационен суд, но таму има и најголем број на судии.

Судиите се одлучија да донираат откако Уставниот суд  покрана постапка (а подоцна и ја укина) за владината уредба со која судиите, обвинителите и сите останати избрани и именувани функционери требаше за април и мај да земат минимална плата од 14.500 денари, а останатите средства до висината на платата да легнат на сметката за донации. Здружението на судии кое беше еден од иницијаторите за укинувато на уредбата пред Уставен, и им препорача на  судиите да се солидаризираат и да донираат најмалку 20 проценти од платите за април и мај.

Одлуката на Устваниот суд предизвика бура од реакции во јавноста, дека судиите не се солидаризираат а тие пак тврдеа дека уредбата им ја загрозува независноста и е спротивна на уставот, законите и меѓународни документи.  И здружението на обвинители им препорача на  обвинитлеите да донираат, но за сега нема информација од таму колку донирале.

 

-“Управниот одбор на Здружение на судиите донесе Одлука под архивски број 0101-128 на ден 29.04.2020 година  судиите да издвојат/донираат најмалку 20% од нивната плата за месец април и мај 2020 година, за сметка на Солидарниот фонд за справување со вирусот COVID 19.Управниот одбор оваа Одлука ја донесе во форма на Препорака и истата судиите ја почитуваа на доброволна основа, со што беше исполнете декларираната заложба на судиите за учество во намалување на последиците од Пандемијата. Донациите односно издвојувањата од плата се видливи, преку соодветна евиденција во рамките на судовите доставени до Здружение на судиите. Судиите покажаа солидарност, единство и колегијалност и донираа 4.632.144,00 денари”, стои во соопштението на Здружението на судии

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ