Судиите гласаат за кандидат за член на судскиот совет кој во последен момент се повлекол

Судијата од скопскиот Граѓански суд Артан Лимани во понедленикот се повлекол од трката за член на судски совет потврдува претседателот на Судски Киро Здравев. Но проблемот е во тоа што тогаш личињата за гласање биле веќе испечатени и гласачкиот материјал се делел по избирачките одбори, така што неговот име остана на ливчето па судиите кои гласаат може да го заокружуват и неговот име покрај името на судијата Ханиф Зендели од гостиварска Апелација. Доколку го изберат може да има друг проблем.

-Ако денеска биде избран за нас официјално ќе биде член на судски совет, освен ако не си поднесе оставка па да ја повториме постапката, што ќе биде навистина тешко. Ќе треба цела постапка да се повтори. На постојниот член Шемседин Јусуфи му исткеува мандатот и ќе треба да останеме и без член на судскиот совет додека трае постапката, изјави претседателот на судскиот совет за медиумите.

Според Здравев, судијата во таа фаза немал право да се повлече но сепак вели за тоа ќе треба да одлучи комисијата за спроведување на избори која според последните законски измени не е составен дел на судскиот совет туку од судии и претставници на невладин сектор. Првиот човек на судски вели дека не знае зошто во последен момент судијата Лимани се повлекол и тврди дека нема надлежност тоа да го провери.

Телма стапи во контакт и со судијата Лимани но тој не сакаше да дава изјава. Вели денеска не е време да открива ниту зошто се повлекол во последен момент ниту дали ќе си поднесе оставка доколку биде избран.

Од извори во комисијата за спроведување на изборот на член на судски совет, судијата Артан Лимани во писменото образложение како причина за повлекувањето навел лични причини.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ