Судењето за злоставуваното девојче од домот „Ранка Милановиќ“ започнува следната недела

За 12.000 денари обвинетата Мајмире Дестанова цела вечер го продавала малолетното девојче во кафани во Кавадарци, се открива од обвинението за скандалот со штитеничка на домот Ранка Милановиќ, кој беше откриен откако остана трудна. Ја терала да има односи и да ги забавува гостите, и давала алкохол, но не и храна. Кога ќе се побунело девојчето ја удирала со шлаканици и се заканувала дека ќе ја повреди сестра и, ќе ја убие, ќе и го направи животот пекол. Ова е само дел од сексуалната експлоатација и злоставувањата што ги преживеало малолетното девојче во рок од два месеца минатата зима додека била малтретирана и подведувана во повеќе градови.

Обвинителката Маја Коневска од обвинителството за организиран криминал денеска немаше можност во судницата, во воведниот говор да каже зошто бара тројцата обвинети да одговараат за трговија со дете, бидејќи судењето се одложи и се очекува да почне следната недела.

Во обвинението детално се раскажува хоророт низ кој минало девојчето. Од Кавадарци Дестанова ја однела во куќата на невенчаниот сопруг во Радовиш, второобвинетиот Ерол Јашаров кој во наредните 10 дена сексуално ја злоупотребувал и ја тепал. Го повикале и неговиот внук третообвинетиот Сезар Раимов кој иако знаел дека е жртва на трговија со луѓе и тој се изживувал со неа. На таксистите што ги превезувле од град во град Дестнаова наместо да им плати им дозволила да имаат сексуален однос со девојчето.  Една вечер во Штип девојчето се обидело ноќе да избега но првообивнетата ја пронашла на автобуската станица, по што ја тепала со гајтан, со дрва и ја горела со цигара по телото. Дестанова организирала и присилен брак за девојчето но во струшко Мислешево открила дека е бремено по што и купила автобуски билет за Скопје и рекла – да абортира и пак да се врати, заканувајки и се дека ако ја открие ќе и го упропасти животот, стои во обивнението. Но веднаш по стигнувањето во Скопје девојчето го пријавило случајот.

Биографијата на Мајмире Дестанова во обвинителниот акт зафаќа речиси цела страница. Набројани се сите 10 пресуди кои до сега и ги изрекувале различни судови низ државата за кражби, измами и разбојништва. По една до две пресуди имаат и други двајца обивнети.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ