
Судењето за „Трезор“ одложено за 29-ти март
Судењето за предметот „Трезор“ кој го води СЈО е одложено за 29-ти март. Причина е екстрадиционата постапка за Горан Грујевски, кој е второобвинет во овој случај. Првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, заедно со поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник- министер во МВР Небојша Стајковиќ. Освен Грујевски, кој е во притвор во Солун, денеска сите беа присутни на судењето, но никој од нив не сакаше да даде изјава.
Сите се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на буџетот при набавката на опремата за потребите на Петтата управа и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.