
Судењето за „Тортура“ одложено за 23 март
Во Кривичниот суд денеска не се оддржа првото рочиште за предметот на СЈО „Тортура“, што се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.
Во „Тортура” обинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата за апсењето на Бошковски.
Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.
Судијката Александра Ристеска изјави дека на денешната прва главна расправа не се исполнети условите за работа на судот, па затоа судењето се одлага за 23 март. Според неа, Апелацискиот суд во Скопје, се уште, немал одлучено по жалата на СЈО за обвинението против Мијалков кој првично беше првообвинет во овој случај.
Во судницата беа присутни Љубе Бошкоски и шестмината обвинети од едницата „Алфи“, како и обвинителите на СЈО, Љубен Лапе и Гаврил Бубевски.
Судијката Александра Ристеска уште додаде дека против Мијалков нема правосилен обвинителен акт.