
Судењето за седмообвинетиот Димче Крстев во случајот „Насилство во општина Центар“
За денеска во кривичниот суд во Скопје е закажано судењето за седмообвинетиот Димче Крстев во случајот „Насилство во општина Центар“. На главната расправа беше одлучено за него да се раздвои постапката, па нему ќе му се суди одвоено.
Крстев се изјасни дека не е виновен. Тој на последното рочиште на кое присуствуваше рече дека нема адвокат кој ќе го застапува пред судот и побара судењето да се одложи со објаснување дека се чувствува лошо. Тој се пожали од третманот на полицијата за време на приведувањето за да присуствува на судењето. Ова е втора од трите издвоени постапки за насилството пред Општина Центар. Обвинетите Томислав Лазаров и Јордан Ристевски се двајца од 14-те обвинети кои признаа дека се виновни.