Судењето за „Поткуп“ одложено за 26 февруари

Судењето за „Поткуп“ во кое обвинет е премиерот Зоран Заев што денеска требаше да се одржи во Кривичниот суд, е одложено за 26 февруари на барање на јавен обвинител кој во петокот го известил новиот судија Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на денешното рочиште.

Заев во придружба на неговите адвокати денеска дојде во Кривичниот суд

Претходното рочиште, исто така, беше одложено, бидејќи предметот не беше пристигнат од Апелацискиот суд, кој требаше да одлучи по жалбата на одбраната на Заев, која бара видеоснимките од посебните истражни мерки (ПИМ) да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“, зато што делови од неа беа јавно објавени на видео-сервисот „Јутјуб“.

– Редовно се јавуваме на судски закажаните рочишта, а денешното судење беше одложено на барање на јавниот обвинител кој, како што информира судијата, е на службено патување. Тактитката на адвокатите за судските рочишта останува иста како што претходно наговестивме, а судијата веројатно треба да се изјасни по упатставата на Судот по укинувањето на решението од Апелацискиот суд. Не сум правник и работите ги оставам на адвокатскиот тим кој работи на одбраната, но се надевам на брзо судење и транспарентна постапка. Очекувам доказите да бидат јасно достапни во процесот, но и за јавноста, бидејќи се работи за политичар и мислам дека заради функцијата која ја извршувам треба да останам со чист образ пред граѓаните, изјави Заев по рочиштето.

Судијата најави дека за наредниот претрес ќе го покани сведокот Иван Николов за кој кажа дека досега нема доказ дека бил уредно поканет на рочиште.

Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ